ГНУ Општа јавна лиценца верзија 3

Во петок, 29ти јуни, во 12 напладне, фондацијата за слободен софтвер (FSF) официјално ќе ја претстави GNU GPL верзија 3. Тие ја повикуваат јавноста да им се придружи во прославата по 18 месечната јавна расправа и коментари, при што се изврши ревизија на наjпопуларната лиценца за слободен софтвер во светот.
Покрај креирањето на подоборена лиценца, процесот за составување на верзијата 3 помогна да се означат некои витални работи за заедницата на корисници на слободен софтвер. Ова е моментот кога треба да им заблагодариме на илјадниците кои што со своите коментари учествуваа во креирањето на лиценцата, како и на сите оние кои што беа претставници на сите кои што имаа удел преку комитетот задолжен за процесот на GPL верзија 3.
Сега со објавувањето на GPLv3 ќе добиеме нови подобрени одбрани за слободниот софтвер. Овие одбрани ќе ја продолжат долгата историја за борбата против сите напори за правење на слободниот софтвер, неслободен.
Ве молиме приклучете ни се преку живиот видео пренос на www.fsf.org, на кој што Ричард Сталман на пладне ќе ја објави GPLv3.
- Најавете се за да испраќате коментари





