Излезе Thunderbird 2.0

Испратено од Владо во 19 Април, 2007 - 08:33.
::
Thunderbird

Денес излезе најновата верзија на клиентот за е-пошта Mozilla Thinderbird 2.0, природен сопатник на многу попознатиот MozillaFirefox.
Нови можности во оваа верзија се:

- Означување на е-пошта според важност, испраќач, тип (забава, работа...) или креирање своја сопствена ознака;
- пребарување низ историјата на пораките, слично како кај историјата во интернет прелистувачите, како и одење напред-назад низ историјата;
- известување од панелот кога ќе ви пристигне нова пошта;
- пребарување низ содржината на пораките по клучен збор уште додека го пишувате терминот и многу други новини.

Симнување на македонска верзија тука.