Вејн Вота од Geekcorps на Сподели знаење #5

На Сподели знаење #5 предавање ќе одржи Вејн Вота, директор на geekcorps.org. Темата е
International Careers in FOSS.
Човекот има големо меѓународно искуство работејќи на имплементирање на ИКT проекти од Либан до Мали, искуствата што ќе се обиде да ги пренесе опфаќааат аватури кои ги имале имплеметирајќи FLOSS решенија од Тимбакту во Мали, до искуството и предизвиците кои со себе ќе ги донесе развојот на OLCP проектот. Значи имаме еден доста харизматичен говорник, со доста динамичен стил кој се надевам ќе претставува предизвик да се погледне.
Ова е ретка прилика за сите нас, па се надеваме ќе има повеќе луѓе отколку што има на нашите вообичаени средби. Би сакал да замолам сите што имаат некакви контакти со заинтересирани луѓе да им испратат информација за ова со цел да имаме што е можно побројна публика.
Се надевам дека се ќе оди по планот и дека ќе имаме успешна средба на 23-ти во 20:00 часот.
- Најавете се за да испраќате коментари




