Ubuntu 6.10 (Edgy)

Конечно излезе. Голема благодарност до мини тимот за локализација кој што придонесе оваа верзија на Ubuntu да е целосно преведена на македонски јазик. Доаѓа со:
* Tomboy: едноставна за користење алатка за забелешки.
* F-Spot: програма за менаџирање на слики која што овозможува уредување, тагирање па дури и подигнување на слики на сервиси како што е Flickr.
* GNOME 2.16: доаѓа со доста нови опции, подобрен менаџмент за енергија, побрза и побезбедна работна околина.
* Upstart: овозможува доста побрзо подигнување и исклучување на сервисите (замена за init скриптите).
* Firefox 2.0: Бла бла бла…
* Evolution 2.8.0: доста нови опции и подобрувања…
Преземање тука.
- Најавете се за да испраќате коментари





