OpenWengo отвори конкурс за програмирање
OpenWengo, VoIP апликација со отворен изворен код, отвори конкурс наречен Code Camp. Конкурсот е сличен на Summer of Code на Google, но е насочен првенствено кон изработка на софтвер за интернет телефонија.
Во моментов има 14 проекти на кои можат да работат студентите. Како награда се дава 3500 евра стипендија за оние студенти што ќе ги завршат проектите.
- Најавете се за да испраќате коментари





