Бекап на бази на податоци со AutoMySQLBackup

Испратено од LUDI во 31 Мај, 2006 - 12:30.
::
Секакви

Ако правите некоја страна за која треба податоците да ги зачувате во MySQL база, тогаш дефинитивно треба да направите и резервна копија на истите во случај да дојде до некоја поголема грешка. Основната алатка mysqldump која доаѓа со MySQL, овозможува копирање (dump) на бази. Секој може да напише мала shell скрипта во која ќе се користи mysqldump алатката и извршувајќи ја со cron, ќе се постигне автоматско копирање, односно бекапирање. Има многу примери за користење на бесплатни скрипти и решенија за бекап, меѓу кои AutoMySQLBackup ми остави најголем впечаток. Упатството за користење на ова автоматско бекап решение може да го најдете тука.