Picasa за Линукс

Испратено од Владо во 29 Мај, 2006 - 12:37.
::
Секакви

Google ја издаде првата бета верзија на својата апликација за преглед и уредување на дигитални фотографии Picasa за Линукс. Лоша вест е дека Picasa не е напишана изворно за Линукс туку доаѓа со вграден емулатор Wine и енџинот на Мозила Gecko. Како и да е, апликацијата работи во ред, ги наоѓа сите фотографии на дискот, препознава дигитални апарати...
Лично јас сега за сега ќе си останам на стариот добар Digikam.