Софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на НСИО

Софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на Националната стратегија за информатичко општество. Прашањата за независност од софтверска платформа и достапност за сите се игнорирани при изработката на клиентскиот софтвер за МППП.
Понудениот софтвер работи само под оперативните системи Microsoft Windows. Како таков, тој ги дискриминира обврзниците кои не користат такви оперативни системи на своите персонални компјутери.
Ова е во спротивност со Националната стратегија за информатичко општество, документ кој го усвои и Собранието на Р. Македонија, каде на повеќе места се споменува „независност од софтверска платформа“ и „достапност за сите“, а кои се однесуваат на услугите кои ќе ги нудат државните институции. Во стратегијата стои заложба за промовирање на слободен софтвер, која во овој случај исто така се заобиколува.
Повеќе на веб сајтот на Слободен софтвер Македонија.
- Најавете се за да испраќате коментари





