Интернет Eксплорер или Фајрфокс
Испратено од Владо во 8 Декември, 2005 - 09:33.
::

Пред една недела ја проверив статистиката на посетите на мојот блог преку Google Analytics и ми се потврди она што го гледам насекаде околу мене, дека Фајрфокс се користи од најголемиот број на интернет корисници (статистиката на блогот во меѓувреме покажува намалување на корисници на ИЕ за уште 4%).
Вчера на Оннет имаше објавено врска до видео од анкета за тоа дали луѓето преферираат повеќе Интернет Експлорер или Фајрфокс и зошто. Убедливо поголем беше бројот на Фајрфокс корисници.
Битката околу интернет прелистувачите е добиена. Одиме на следната, десктоп корисници. ;-)
- Најавете се за да испраќате коментари





