Идеи за реклама на Фајрфокс
Испратено од Владо во 24 Ноември, 2005 - 11:09.
::

Кога излезе Фајрфокс 1.0, беше проследен со масивна рекламна кампања во која меѓу другото беше објавена реклама во Њујорк Тајмс на цела страница.
Сега пред излегувањето на верзијата 1.5 се планира рекламирањето да се прошири на помасовни медиуми како што е телевизија. Се планира креирање на рекламен спот за Фајрфокс. Затоа сите кои имате паметни идеи што да има во спотот, како да изгледа или имате во глава цело сценарио одете на SpreadFirefox и искажете се.
- Најавете се за да испраќате коментари





