Убунту Х2
Испратено од Арангел во 14 Ноември, 2005 - 11:35.
::

На Tom's Hardware се појави интересен преглед на Убунту Х2. Убунту Х2 претставува оперативен систем на мал мобилен уред. Убунту Х2 може да работи на било кој компјутер што има барем една слободна УСБ порта. Се работи за мал тврд диск со капацитет од 3 GB споен со цел оперативен систем (Убунту), кој што патем можете да го инсталирате, конфигурирате, па дури можете да носите и податоци на него. Би било интересно да го однесете овој уред во интернет кафе, кај некој пријател или пак да го приклучите на било кој друг систем.
- Најавете се за да испраќате коментари





