Екстремадура преминува кон ГНУ/Линукс
Испратено од А.Балаловски во 13 Ноември, 2005 - 02:03.
::

Авторот на текстов оди до таму што дури и не' советува да заборавиме на миграцијата што Минхен ја направи кон употреба на ГНУ/Линукс за потребите на јавната администрација. Од една едноставна причина, додека во Минхен се мигрирани 10000 компјутери, во шпанскиот град Екстремадура кон употреба на ГНУ/Линукс преминаа 80000 компјутери од кои 66000 се во школски институции. Ова мислам дека е и повеќе од доволно како пример што треба нашите градоначалници да направат, едноставно да го употребат моделот на други метрополи.
- Најавете се за да испраќате коментари




