Ден на слободниот софтвер во Скопје
Испратено од Арангел во 8 Септември, 2005 - 21:39.
::

На 10ти септември во целиот свет се оддржува денот на слободниот софтвер. Со почеток од 12.00 часот во градскиот парк на школка Слободен софтвер Македонија ќе дели CD-иња со Убунту Линукс и со Отвореното CD. Убунту Линукс е една од најпопуларните ГНУ/Линукс дистрибуции во моментов и претставува слободен оперативен систем кој што доаѓа со сите најпотребни апликации (Интернет прелистувач, клиент за е-пошта, плеери за музика и видео итн.). Отвореното CD е првиот чекор кон ослободување на Вашиот софтвер и ги содржи популарните слободни апликации за Виндоус како што се Оупенофис.орг, Мозила Фајрфокс, Мозила Тандрбрд, ГИМП итн.
Доколку сакате да добиете вакво CD, да видите како изгледа ГНУ/Линукс во живо или пак да си набавите маичка, поминете на школка таму сме од 12.00 до 16.00 часот.
- Најавете се за да испраќате коментари





