Преведувачки маратон #3

Испратено од Арангел во 5 Септември, 2005 - 15:34.
::
2С.мк
Во организација на фондацијата „Метаморфозис“ и „Слободен софтвер Македонија“, а по повод љубовта кон мајчиниот јазик, викендот на 16, 17 и 18 Септември 2005, 54 часа нон-стоп, ќе се трча маратон за локализација на слободен софтвер. Маратон за локализација е собир на доброволци кои во краток временски период преведуваат определено парче слободен софтвер од англиски на мајчин јазик, во нашиот случај македонски јазик. Целта на овоj маратон е целосно да се преведе на македонски јазик канцеларискиот пакет Опенофис.орг 2.0. Доколку сте заинтересирани да помогнете посетете ја страната за пријава на учеството.