Македонскиот јазик и официјално поддржан во Гном 2.12

Испратено од Арангел во 12 Август, 2005 - 09:58.
::
gnome
Тимот на Гномк успеа на време да го доведе македонскиот јазик во групата на официјално поддржани јазици во слободната графичка околина Гном. Резултатот и статистиката можете да ги видите на оваа адреса. Официјален датум за објавување на Гном 2.12 е 7ми септември. Локализираните датотеки се таму но не се баш најсовршени. Доколку сакате да помогнете за досредување на македонската локализација на Гном можете да инсталирате Убунту Бризи, да ги додадете јазичните пакети за македонски јазик и да пријавувате се што ви изгледа несоодветно на системот за пријавување на грешки.