Линукс секаде, па и во Мајкрософт...

Испратено од Арангел во 28 Јули, 2005 - 17:32.
::
microsoft
Во лабороторијата на Мајкрософт во последниве 19 месеци се работи на мешање на неслободните продукти на Мајкрософт со оперативниот систем ГНУ/Линукс и голем дел на познатиот софтвер со отворен код, целта е да се подобри интеракцијата на Мајкрософт со овој софтвер. Всушност ова е темата на која што ќе говорат експерти од Мајкрософт на овогодинешната конференција „Linuxworld“ која што ќе се одржи наредниот месец во Сан Франциско. Еден експерт на Мајкрософт (неодамна набавен од „HP“, поради неговите искуства со масовно поставување на ГНУ/Линукс) ќе одржи и презентација во која што ќе објасни како е да се работи во Линукс лабораторија најблиску до, или во центарот на Мајкрософт.