Повик за помош за Гном 2.12 на македонски
Испратено од Арангел во 22 Јули, 2005 - 10:17.
::

Ова е општ повик за помош за допреведување на слободната работна околина - Гном 2.12, која што треба да излезе во септември (иако септември можеби изгледа далеку, факт е дека е многу малку време за работата што треба да се заврши). Моментално оваа сеуште необјавена верзија на Гном е преведена 73% на македонски. Највеќе помош е потребна околку клиентот за е-пошта Еволушн како и со ГТК+. Повеќе информации можете да најдете на врските подолу:
Статистика за Гном 2.12 на македонски - ова е и адресата од каде што можете да ги собирате датотеките за превод. За да преземете датотека, десен клик врз датотеката и одбирате „Сними ја врската како...“. Откако ќе ја имате датотеката можете да ја отворите и допреведете во следниве програми: Кбабел, Гтранслатор и ПоЕдит (ова работи и под ГНУ/Линукс и под Виндоуз).
За било какви прашања консултации во врска со некои нејасни зборчиња можете да се зачлените на листата на ОССМ и луѓето таму ќе се обидат да ви помогнат највеќе што можат.
Термини употребувани за преводот на Гном има тука.
Преведените датотеки испраќајте ги на на оваа адреса.
Вклучете се и допринесете за да добиеме Гном на македонски!
- Најавете се за да испраќате коментари
Не би било лошо
Не би било лошо да испратите и порака на листата на ОССМ кога ќе земете некоја датотека за превод. Ова за да не се дуплира работата, да не земат двајца луѓе иста датотека од еднаш.
- Најавете се за да испраќате коментари




