„GUADEC“ 2006 закажан за Барселона
Испратено од Арангел во 19 Јули, 2005 - 20:54.
::

Конференцијата ќе ги промовира можностите и правецот на развој на Гном – слободната работна површина и развивачка околина за лични компјутери, работни станици и мобилни интернет уреди. Главните теми вклучуваат работилници за развој, примери за локализација, бизнис модели за развивање на слободен софтвер, Гном во мобилните уреди и дискусии за иднината на Гном. „GUADEC“ ќе биде заеднички организиран од страна на фондацијата Гном, Каталонската влада, Советот на Барселона, Конгресот за глобален интернет и локалната заедница на корисници и поддржувачи на слободниот софтвер. Настанот ќе се одржи во склоп на „IGC“ во „Фира де Барселона“ во Мај 2006, а точниот датум треба да биде објавен наскоро.
Целото соопштение на македонски на http://gnome.org/releases/.
- Најавете се за да испраќате коментари




