„Mandriva & Lycoris“ - нов потег на Мандрива за подобрување на дистрибуцијата
Испратено од Зоки во 19 Јуни, 2005 - 22:06.
::

На 15-ти јуни Мандрива купи неколку активи од „Lycoris“ - голем производител на Линукс дистрибуција во Северна Америка која е наменета за домашни корисници. Како дел од овој договор, основачот и главниот извршен директор на „Lycoris“, Џозеф Чек, ќе се приклучи на тимот на Мандрива за развивање на нова и напредна работна површина на Линукс. Една од главните проекти е е проектот „Iris Software Gallery“ чија што главна цел е преземање на апликациите од интернет само со едно притискање на глувчето софтверот (слично како „Click'n'Run“ на „Linspire“ - само што ова не се наплаќа за секоја апликација туку за секого кој ја поседува дистрибуцијата). Повеќе информации околу овој договор можете да најдете тука.
- Најавете се за да испраќате коментари




