Инсталфест #2
Испратено од Арангел во 16 Април, 2005 - 11:56.
::

По успешниот Инсталфест минатиот мај Слободен Софтвер Македонија повторно организира инсталационен фестивал на кој ќе можете, со помош на поискусни корисници, да инсталирате ГНУ/Линукс на вашиот компјутер. Овој викенд (23.04 и 24.04) на Електротехничкиот факултет во Скопје.
Инсталфест e собир за инсталирање софтвер. На овој Инсталфест, ќе ви помогнеме да инсталирате ГНУ/Линукс на вашиот компјутер. Ако пак не сте заинтересирани да инсталирате ГНУ/Линукс, можете да дојдете и само да се информирате. Или можете да донесете систем со веќе инсталиран ГНУ/Линукс кој ви прави проблеми – ние ќе ви помогнеме да го средите.
За да се пријавите и за да дознаете повеќе задолжително посетете го сајтот на Слободен софтвер Македонија посветен на Инсталфестот.
- Најавете се за да испраќате коментари





