Излезе „Mandriva Limited Edition 2005“ (екс Мандрак)

Испратено од Владо во 14 Април, 2005 - 10:59.
Mandriva
Вчера излезе новата Мандрива (Мандрак). Во моментов е достапна за преземање само за членовите на клубот, за сите останати ќе биде достапна малку подоцна. Кој сака може да си купи DVD издание тука. Што носи новото издание: -Linux јадро 2.6.11.6 -KDE 3.2.2 (со вградени поправки од верзија 3.4) -GNOME 2.8.3 -Firefox 1.0.2 -GCC 3.4.3 -The GIMP 2.2 -cdrecord 2.01.01a21 (со подршка на DVD+R dual-layer) -OpenOffice.org 1.1.4 -MySQL 4.1.11 Проширена подршка на хардвер: -Подршка на X86-64, вклучувајќи и инсталирање на 32 битово опкружување на 64 платформи, што им овозможува на развивачите да создаваат 32 и 64 битни апликации на ист систем; -целосна подршка за Adaptec Host RAID конторлери (RAID, SCSI, SATA); -подобрена подршка на отстранливи уреди како што се дигитални апарати, CD-ROM, USB клучеви; -подобрена подршка за повеќето современи рамни монитори; -поедноставено управување со модулите благодарејќи на вградувањето на DKMS (Dynamic Kernel Module Support), кој дозволува промена на модулите без реинсталирање на јадрото, како и користење на еден ист модул на повеќе различни верзии на јадрото; -подршка на мултимедијални тастатури. Брзина: -Забрзување на перформансите на КДЕ за 10%, благодарејќи на компајлирањето со „fvisibility“ опцијата; -можност да се копираат инсталационите пакети на тврдиот диск за време на инсталацијата, што овозможува отпосле да не се користат DVD или CD-ата за дополнителна инсталација на софтвер. Проширени мултимедијални можности: -ndsiwraper ви овозможува полесно конфигирирање на безжичните врски, благодарејќи на финото подесување на Виндоус управувачите; -новата верзија на ALSA (Advanced Linux Sound Architecture) на Мандрива вклучува мултиплекс подршка, што ви овозможува истовремено слушање на повеќе апликации, дури и ако вашата звучна картичка хардверски не подржува мултиплекс и др. *Додадено од Зоки: „Плус за сите македонски корисници на оваа дистрибуција, да напоменам дека контролниот центар на Мандрива е целосно преведен на македонски, значи администрацијата на вашата машина ќе биде многу олеснета.“ Оригиналната вест тука.