Нова политика за објавување на Мандрак Линукс
Испратено од Зоки во 22 Март, 2005 - 11:33.
::

Вчера на официјалната страна на Мандрак Линукс беше објавено дека отсега па натаму ќе се промени циклусот на објавување на нови верзии на овој оперативен систем. Откако ќе биде објавен Мандрак Линукс 10.2 (под новоти име „Limited Edition 2005“), нова верзија ќе се објавува само по еднаш во годината а верзиите ќе бидат именувани по годините. Ова се должи на неодамнешното купување на Конектива Линукс од страна на Мандрак. Од Мандрак велат велат дека ќе им треба повеќе време за да ја интегрираат технологијата на Конектива во нивните продукти.
Повеќе информации можете да најдете тука.
- Најавете се за да испраќате коментари




