Mozilla конечно стигна до 1.0

Испратено од ufo во 30 Јули, 2002 - 19:14.
::
Прегледи
Mozilla се развива како open-source проект повеќе од четири години, и сега конечно е спремен да се соочи со сите предизвици. Доста интересно е што Mozilla не е првиот Интернет прелистувач што е базиран на Mozilla engine-от. Други прелистувачи (browser-и) што го користат кодот на Mozilla се Netscape, како и Internet Explorer... Кратка Историја: Mozilla движењето се јавува во 1998 година од страна на тогаш-независниот Netscape. Уште тогаш, Netscape се натпреваруваше со Microsoft и неговиот Internet Explorer. За да се добие битката Netscape дури беше стигнат до степен да го направи достапен и бесплатен кодот на сите негови корисници. Но тоа не се случи, Netscape заостана се до верзијата 6.0, која денес преставува еден од најдобрите прелистувачи. Како и да е половина од екипата што работеше на Netscape продолжи со развивање на Mozilla. Еден од главните програмери во проектот и ден денес е вработен во Netscape. Предноста на овој Интернет прелистувач пред се би била достапноста. Под достапност се подразбираат верзиите објавени за Линукс, Windows, Solaris, Irix и други оперативни системи кои што досега можеби не поседувале ваков напреден прелистувач. Со новиот интерфејс и можностите за костумизирање на целиот прелистувач би требало да се придобијат сите оние досегашни Netscape, Opera и IE корисници, иако несвесни за тоа што ќе го добијат... барем ќе можат да уживаат во брзината и убавиот дизајн. Би завршил тука некаде, иако има уште доста да се пишува за овој инзвонреден Интернет прелистувач. И не заборавајте со Mozilla покрај прелистувачот добивате и mail клиент, composer итн. Превземи Mozilla 1.0...