1000 Зошто (OpenOffice), 1000 Затоа (MS Office)
Испратено од Riste Pejov во 30 Април, 2003 - 18:55.
::

Имено, се работи за една нова и многу досадна бубачка кој ја донесе со себе Service Рelease 1 верзијата при работа на Windows 2000. Микрософт веќе сугестираше едно решение при кое треба да чепкате низ registry-то, за што и самите велат "користете го Registry Editor на ваш сопствен ризик". Ние имаме многу посуптилно и елегантно решение во 2 чекори. Избришете го MS Office, и инсталирајте OpenOffice. Доколку не сакате да се мачите да го превземате од интернет, обратете ни се, веднаш ќе ви го доставиме.
Навистина илјада и една причина за користењето на OpenOffice лежи во Микрософтовиот паке за канцелариско работење. Бубачката која ја спомнавме, се однесува единствено на корисниците кои имаат лиценцирани големи количини од Микрософтовиот производ. Во последното издание на MS Office, Mикрософт за да ја спречи пиратеријата (читај да ги малтретира крајните корисници) бара од корисниците да го регистрираат производот. Сега веќе и да изберете Register Later, нема да се ослободите од регистрацијата. На секоја употреба на МS Office ќе мора да се соочите со досадниот прозорец кој ќе бара од вас да го регистрирате производот. Доколку 50 пати го избегнете регистрирањето, тогаш апликацијата никогаш веќе нема да проработи. Некои од понудените решенија се:
* Да го проследите упатсвото на Микрософт и си поиграте со Windows Registry
* Да го оставите MS Office вклучен, и да не го гасите вашиот сметач
* Да го превземете и иснталирате OpenOffice.
Секако дека ви ја предложуваме последната опција, бидејќи никогаш нема да ве малтретира некој досаден прозорец кој ќе бара од вас да се регистрирате, или пак да живеете во страв дека можеби некој ден на врата ќе ви тропна Микрософтовите адвокати со тужба за пиратерија. Доколку пак имате манија да плаќате за софтверот што го користите или пак мислите дека се што се плаќа е поквалитетно од бесплатното можете да го купите StarOffice - комерцијалната верзија на OpenOffice, која ја нудат Sun Microsystems за само 75$ за индивидуи, 25$ за големи компании и 0$ за едукативни установи.
Сигурен сум дека со тоа ќе си ги решите сите проблеми што досега сте ги имале со Микрософтовиот пакет за канцелариско работење. Најверојатно и веќе знаете но само да потенцирам дека OpenOffice говори македонски.
----------------------------------------------------------
(C) Copyleft 2002 Ристе Пејов
е-маил: richie АТ freemail.org.mk
----------------------------------------------------------
Сето ова тресење глупости може да се објавува и
дистрибуира по било каков пат, доколку текстот
остане неизменет во целост.
---------------------------------------------------------
- Најавете се за да испраќате коментари




