Страв од непознатото

Најчеста причина поради која корисниците не се стремат кон Linux е стравот од тоа што ќе застане пред нив, дали тоа ќе е комплицирана машинерија која работи како склоп само од конзолски команди, или пак некоја интересна GUI средина препоплна со позадини и screen saver-и, способна за играње на триста пеесет и шест fps игри и две стратегии.
Често пати, се случило некој да си инсталира некоја од Linux дистрибуциите, па после првото појавување на Kernel Panic...да почнат, „Ете колку е стабилен Linux-от!!“. Арно ама ние овде во светов, сме навикнати да Информатика го нарекуваме само постоењето на ЕДЕН оперативен систем, со EДНА визуелна средина за програмирање, со класични прозорци и голем колорит на бои. А информатиката е многу повеќе од тоа. Ако ги земеме основите на Информатиката, заприметуваме дека горенаведеното нема врска со правата дефиниција за таа наука. Ама навикнале луѓето да притискаат и да им излегува, и да копираат и да им се пастира, па сега се подуплашиле кога виделе дека за инсталација на некој софтвер треба целосна компилација на изворниот код. И така си рекле: „Абе нека седи Linux-от инсталиран на другата партиција, а ќе си работам Windows, ако ме праша некој, ќе му покажам дека “работам“ со Linux. Го имам...“. Е тука не разбираат една работа.
Можеби комплицираноста не е виновна што тие се разубедиле да седнат и да работат со Linux. Можеби за тоа е виновна ограниченоста и (се извинувам за вулгарноста) глупавоста на корисниците. И да речеме дека за една програма да се компајлира треба подолго време, па веќе тука се надоврзува и навиката од Install->Finish кликовите со глувчето од некоја “друга“ платформа. Па на крајот програмерите се криви што започнале таква револуција, премин од Оперативен систем со затворен и не-бесплатен код, кон сосема спротивното, со еден збор Слободата, шо му текнало?!? А интересно ќе биде кога ќе дојде денот W, кога сите ќе трчаат да си ги форматираат дисковите оти лоши чичковци со капчиња на кои стоело МЅ шетале од куќа во куќа и правеле рации, ако имаш потврда за платена лиценца терај, ако не, пак терај, да подигниш пари за да ја платиш казната, а трета алтернатива е терај, овој пат в затвор. Богатите ќе си купат лиценца, „сиромајте“ (или паметните, кој знае) ќе сфатат тогаш дека пред некое време некој им нудел софтвер, бесплатен, неограничен, ама тие биле глупави, и сега кога тој софтвер еволуира, станува ПРЕ комплициран (читај:Совршен) за нив, па ќе си останат со празен компјутер. Овој пат, ќе го бутираат стариот добар Linux и ќе си речат “ај да видиме како оди ова овде..Аууу шо е ова rpm...чекај да се јавам..АЛО, КАКО СЕ ИНСТАЛИРА COUNTER STRIKE?”.И така, животот ќе си тече со или без нив, а ние ќе тераме напред. Ќе ја носиме еволуцијата, и нема да сме тажни оти група лудаци бара алтернатива за Windows ОЅ-ми, ами среќни оти останале Информатичари во светот, а тоа ќе сме НИЕ. GNU/Linux заедницата.
На крајот сакам да ја наведам причината што ме наведе малце да се истушам. Некои корисници ја разбираат информатиката како целина од графика и ништо повеќе. Не сфаќаат дека ТИЕ се криви што не им оди со Linux-от па ја обвинуваат GNU заедницата, го обвинуваат тој што пред некое време се борел за слободата на информацијата. И оти при најмало влакно викаат МАМО, МАМО, ИМА ВЛАКНО ВО ЈАЈЦЕТО !!! Ама за едно се во право, нема „Солитаре“ во Linux-oт, е тоа е веќе некое оправдување.
Александар Балаловски
Факултетот за Техничка Информатика - Битола
gemidjy@freemail.org.mk
- Најавете се за да испраќате коментари





