Помошник за закоравени Windows корисници

Испратено од ufo во 21 Октомври, 2003 - 18:49.
::
Колумни

Како што расте популарноста на Linux, многу од Windows корисниците почнуваат да го забележуваат. Кога ќе се земе во обзир неговата легендарна стабилност, сигурност, и ниската цена (ова секако од аспект на се попопуларната легализација на софтверот во нашата држава) резултатот е очигледен. Сепак за некој закоравен Windows корисник, тешко е да се направи првиот чекор. Од каде да се почне? Во овој натипс ќе ги објаснам основинте работи кои се потребени за да се започне миграцијата према Linux базираните системи, и ќе се обидам да ги разбијам или предочам некои од легендарните мистерии кои го опкружуваат овој оперативен систем.

Доколку размислувате за менување на оперативниот ситем, но сте загрижени за гњаважата на инсталирањето на нов оперативен систем, тогаш не сте сами. Постои еден општо познат мит кој тврди „Linux is only for geeks,“ но тоа тврдење во последно време се помалку и помалку држи вода. Вистина е дека порано (пред неколку години) беше потребно доста високо ниво на технички познавања за да може успешно да работите на Linux, и доколку сакавте нешто да постигнете тогаш требаше да знаете како да работите од командната линија. Овој начин на работа беше неприфатлив за многу од Windows корисниците кои се навикнати на point&click начин на работење.
За да се разбистрат мистериите од ваков тип прво мора малку да се навлезе и во самата политика на Linux базираните оперативни системи, и да се разгледа развојот на истите. Прво Linux како таков не е оперативен систм во симсолот на зборот кој го наметнува Windows. Linux e само кернел кој го поврзува апликативниот дел (корисничкиот софтвер) со хардверот. Тоа што денеска повеќето луѓе го нарекуваат Linux или GNU/Linux се состои од многу повеќе од еден кернел. Во него има купишта и купишта додатен софтвер, кои задно создаваат една дистрибуција. Поимот дистибуција може да се разбере како оперативен систем + целиот софтвер кој ви е потребен за нормално користење на компјутерот, значи кога мислите на дистрибуција не мислете само на Windows туку на: Windows + Office + Photoshop + Acad + Winamp + ACDCEE + Acrobat Reader + Download Accelerator + ICQ + mIRC + . .. . . . Значи со дистрибуцијата добивате комплет на софтвер кој највероватно ги содржи сите работи кои ви се портебни за успешно и продуктивно работење. Второ што треба да се напомене е самата отворена природа на Linux базираните дистрибуции и оперативни системи. Самата филозодфија на развој на овој тип на софтвер не само што овозможува, туку и наложува и поттикнува развивање повеќе парчиња софтвер кои имаат иста намена, со што секако се зголемува можноста за избор, но во некои случаеви тоа на новите корисници (особено оние кои преминуваат од Windows) може многу да им смета, бидејќи прво имињата на најразличните софтверски пакети не им се познати, а уште и постоењето на повеќе слични со иста намена уште повеќе ги збунува во нивниот избор. Секако тука пак мора да се напоменат различните дистрибуции, кои иако најчесто се базираат на иста основа, во својот софтверски пакет имаат различни парчиња на осфтвер, и за нов корисник можат да бидат доста збунувачки. Сепак базираноста на отворени стандарди прави сите овие парчиа софтвер и дистрибуции да бидат целосно компатабилни меѓу себе, па размената на информации помеѓу нив е транспарентна и неприметна како што е размената на информации помеѓу две Windows машини. Некои од денешните дистрибуции се пренатрупани со софтвер и сакаат на корисникот да му овозможат поголем избор, додека пак други се фокусирани на едноставноста на употреба и имаат само по една апликација за една намена, трети се фокусирани на брзниата, четврти на компатабилност и сл. Така да во денешно време новиот корисник пред да се судри со проблемот на избор на софтверот кој сака да го користи, он се судрува со проблемот на избор на соодветна дистрибуција.

Но да почнам од почеток. Денеска инсталацијата е значително поедноставна. „Доколку изберете дистрибуција која е фокусирана на едноставност на користење, тогаш инсталацијата највероватно е лесна и едноставна како и инсталацијата на самиот Windows (кај некои дистрибуции инсталацијата може да се сведе и само на 3 чекора). Xandros, Red Hat, Mandrakesoft и SUSE се особено лесни за инсталирање.

Во денешните Linux дистрибуции постои графички интерфејс кој има скоро исто ниво на леснотија при користење како и кај Windows. Скоро за секоја Windows базирана апликација, постои барем една (најчесто повеќе) апликација за истата намена, со исти или слични опции и можности. Особено е важен фактот што во последно време многу од комерцијалните софтверски пакети првично развиени за Windows сега можат да се најдат и во Linux варијанта, а со постојаниот развој на Wine API интерфејсот се повеќе и повеќе програми наменети за Windows работат без никакви измени и во Linux базирана околина.

LiveCD

За да го разбиете мразот при преминување од оедниот во другиот оперативен систем, не е лошо прво да пробате некоја од едноставните варијанти на подигањ на Linux на вашиот компјутер, без притоа да има потреба да го инсталирате, Можете да искористите некој бутабилен Linux CD-ROM како што се Knoppix, Mandrakemove, or SUSE Live-Eval," (кој ќе го изберете зависи од вас, но секоја различна дистрибуција наликува многу на нејзината матична инсталациона дистрибуција, па затао можеби и не е лошо да пробате повеќе вакви верзии за да добиете осет за изборот кој ви го нудат инсталационите дистрибуции, така на пример Mandrakemove се базира на Mandrake дистрибуцијата, SUSE Live-Eval, се базира на SUSE дистрибцијата, Knoppix се базира на Debian и сл.). Овие таканаречени LiveCD дистрибуции го подигаат Linux базираниот оперативен систем директно од CD-ROM, а потоа сите ваши конфигурации и персонални податоци може да ги снимат на USB memory stick, посебна партиција на вашиот тврд диск или пак во некој фајл на системската партиција на ваиот диск. Тие се добар начин да го испоробате Linux без притоа да направите некаква промена во вашиот систем. Исто така тие ви овозможуваат да имате пренослив Linux оперативен систем, кој можете да го ставите во било кој компјутер и веднаш да почнете да го користите.

Windows и Linux во заедница

Доколку не сакате да користите бутабилно CD секогаш кога сакате да подигнете Linux (од практини причини, како што е брзината, зафатеноста на CD-ROM читачот и сл.), можете да ги имате двата оперативни системи инсталирано на истиот компјутер. Овој начина на работа ви дава можност, при палењето на компјутерот, да изберете дали сакате да користите Windows или Linux. Овој начин можете да го користите во периодот на прилагодување и испитување. Доколку и по некое време на користење на Linux сеуште сакате да работите под Windows, можете едноставно да ја избришете инсталацијата на Linux дистрибуцијата. Доколку пак ве заинтересира Linux и увидите дека можете со тек на времето целосно да го префрлите вашето работење на Linux, тогаш овој начин ви озможува спора и лесна миграција. За да го користите овој метод на потребно е да се сменат партициите на вашиот тврд диск. Доколку не сте многу добро запознаени со оваа проблематика, не паничете, во денешно време скоро сите понови дистрибуции како што се RedHat, Fedora, Mandrake, SUSE, не само што целиот тој процес можат да го извршат автоматски, со мала или никаква интеракција со корисникот, него веќе нивните најнови верзии имаат можност да го преават репартиционирањето на тој начинт што можат да ги менуваат и големините на Windows партициите, без притоа да се изгубат или избришат податоци од вашиот трд диск, што инсталацијата ја прави многу едноставна, лесна и практична. По партиционирањето на дискот, обично се избираат и инсталираат софтверкските пакети и/или софверски групи и имате готова и функционална Linux околина. На следниот рестарт на компјуерот (најчесто единствен при инсталирање на Linux) веќе сте соочени со изборот на оперативниот систем кој ќе го користите.

Користење на Windows апликации во Linux

Доколку сте пробале некоја Linux дистрибуција и сте одлучиле дека сакате да ја користите како ваш примарен оперативен систем, но сепак ви се потебни некои критични windows апликации за кои нема паралелно решение под Linux, дали теба да се помирите со фактот дека не-можете да го правите тоа што сакате со вашиот компјутер, барем се до оној момент додека Linux не стане по конкурентен па овие апликации да се портираат? Одоговорот е НЕ!, барем не во повеќето на случаеви. Посоти голема база на софтвер кој овозможува да се користат Windows апликациите под Linux. Иако овој софтвер не работи секогаш како што е замислено (барем не сега за сега), како на пример слабата подршка за Direct3D за игрите, не постои подршка за DVD-ROM дискотви, како и подршка за запишување на оптички CD/DVD дискови и слично. Но веќе постоечките технологии ви овомзможуваат да ги користиет скоро се останато што работи под Windows. Некои од попознатите софтверски пакети за ваква намена се:
Win4Lin: овозможува стартување на Windows во прозорец под Linux. На овој начин можете да ги стартувате вашите Windows апликации, и кога ќе завршите со нивно користење да си се вратите на навшиот Linux десктоп.
VMware: Ова е најчесто користениот софтвер од оваа група. Тој креира посебен виртуелен компјутер кој работи во Linux и ви озвозможува на него да инсталирате голем број на оперативни системи (вклучувајќи и Linux). На овој начин се добива најголема компатабилност помеќу софтверите, но за овој продукт какои за Win4Lin важи фактот дека доколку сакате да користие windows апликации, тогаш покрај лиценцата за тие апликации морате да имате и лиценца за самиот Windows.
Wine: ова е слободна технологија која овозможува пристап до Windows API за да се стартуваат и работат разни DOS и Windows програми. Овој софтвер ветува големи можности но сеуште е во својата рана развојна фаза. Сепак е битен додаток на скоро секоја Linux дистрибуција бидејќи во најголем број на случаеви со малку или без ич модификации на неговата конфигурација ќе можете да ги стартувате повеќето популарни Windows базирани апликации. Кај овој софтвер битно е да се напомене дека всушност не стартува и не користи Windows, па затоа и лиценца од Windows не е потребна за користење на вашите Windows апликации.
CrossOver Office: Ова парче софтвер е всупност оптимизирана верзија на Wine. Познато е дека со него можете да ги користите Microsoft Office, Lotus Notes, Phhotoshop, Internet Explorer и многу други без притоа да правите никакви модификации ни на самиот софтвер нити пак на апликацијата која што сакате да ја користите.

Користење на Linux апликации во Windows

За да можете добро да се припремите и да го осетите софтверот кој најчесто се користи под Linux можете да ги пробате и на оперативниот систем на кој сте навикнати бидејчи повеќето попознати и почесто користени Linux апликации имаат и свои Windows верзии, меѓу кои се и: канцеларисткиот пакет OpenOffice.org и неговиот побогат брат StarOffice (и двата овозможуваат да се користат датотеки снимени во Microsoft-компатабилни формати), за гледање на интернет содржини, можете да користите Mozilla, MozillaFireFox, MozillaThunderBird, Opera, Nestcape Communucator и сл. кои се многу познати софтверски пакети за Linux, а постојат и нивни Windows варијатни. За праќање на инстатни пораки го имаме, Gaim, за IRC муабетење го имаме XChat, за обработка на аудио записи го имамаде Audiocity и многу други програми.

Што понатаму

Една од најдобрите работи околу Linux-от е тоа што околу него се има собрано огромна заедница на корисници кои веруваат и ја подржуваат неговата отворена филозофија и со самото тоа се спреми секогаш да им помагаат на останаите корисници. Поради ваквиот пристап на корисницте на Linux на интернет се има создадено огромна база на често поставувани прашања и одговори, решениа на конкретни проблеми, документи за тоа како да се изврши одредена рабоа и сл. Најголем извор на информации за конкретни Linux базирани апликации најчесто се сајтот на производителот на конкретната дистрибуција (таму најчесто ќе најдете и мејлинг листи каде што можете да поставите конкретно прашање), потоа IRC серверите на freenode.org, "The Linux Documentation Project” кој е развиен како проек за документирање на Linux апликациите и Linux проблеми и одговори. Значи префрлањето од Windows на Linux може да биде и безболен процес, доколку имате време, трпение и желба да научите нето ново, а притоа стабилноста, сигурноста и вредниста што ја добивате за парите кои ги трошите ви се од примарно значение.

-----
Николовски Дарко