Linux 2.5 кернел самит
Испратено од StYx во 5 Април, 2001 - 10:56.
::

Во тек е втората конференција за развој на новата генерација на Linux кернели. На оваа конференција која се одржува во San Hose (California), присуствуваат 65 главни кернел хакери. Спонзори на конференцијата се Usenix и OSDN, а целта на собирањето е да се дефинира правецот на развој на новиот кернел 2.5. На кратко, прегледот на темите на оваа конференција e: високи перформанси наменети на базите на податоци, API за мрежни драјвери и подршка за hotplug уредите.
- Најавете се за да испраќате коментари




