Избирање на ГНУ/Линукс дистрибуција

Едно од првите прашања што ќе ви паднат на ум кога ќе се одлучите да инсталирате ГНУ/Линукс е „Која дистрибуција да ја изберам?“. Секако, ова е едно од најчесто поставуваните прашања во врска со ГНУ/Линукс.
Прашањето е малку потешко да се одговори одколку што изгледа на прв поглед. ГНУ/Линукс дистрибуциите доаѓаат во најразлични пакувања, со свои сопствени предности и недостатоци. Едни се дизајнирани за лесно користење, други за напредни корисници, едни за моќни компјутери со многу RAM, а други за постар хардвер со слаб процесор.
Некои од можните одговори на ова прашање се:
- Пробај неколку дистрибуции и види која ќе ти се допадне најмногу.
- Земи ја дистрибуцијата што ја користи локалниот гуру. Така, ако имаш проблеми, можеш да го побараш него за помош.
- Прочитај повеќе вакви текстови (google) за подобро да запознаеш какви можности нуди одредена дистрибуција.
- Разгледај ги дистрибуциите што ги користат твоите пријатели или погледни ја галеријата на слики од екран на OSDir.
Со која дистрибуција да го испробам ГНУ/Линукс?
Доколку сеуште не си подготвен да одвоиш посебен дел од твојот тврд диск кој ќе биде наменет за Линукс или само сакаш набрзинка да зирнеш низ Линукс, пробај некоја од „живите“ Линукс дистрибуции како „Knoppix“, „Morphix“ или „Ubuntu Live“. Овие може да се користат директно од CD без потреба од инсталирање и се одлична можност да видите што може да ви понуди Линукс без воопшто да го пореметите вашиот постоечки оперативен систем. Ваквите дистрибуции работат малку поспоро од оние што целосно се инсталираат и бараат да имате повеќе RAM на компјутерот. Како и да е, доколку мислите да користите Линукс на подолго време, сигурно ќе сакате да направите вистинска инсталација. Повеќето од живите дистрибуции може да се инсталираат и на харддиск.
Која дистрибуција е за тотални почетници?
Доколку си нов во Линукс светот и немаш многу инстерес да учиш еден куп технички детали, сигурно ќе сакаш да пробаш некоја од мејнстрим дистрибуциите како „Mandrake“, „Fedora“, „SuSE“ и сл. Доколку имаш пари за трошење би можел да земеш и комерцијална верзија, бидејќи со неа се добива и техничка подршка од производителот.
Добар избор во ваква ситуација (и мој личен фаворит) е и се попопуларниот „Ubuntu Linux“ кој се инсталира од само едно CD и е толку едоставен што може да им се препорача и на луѓе кои се нови во светот на компјутерите воопшто.
Која дистрибуција е за напредни корисници?
Доколку се сметаш себеси за напреден корисник и сакаш при инсталацијата и користењето да научиш многу технички детали за Линукс, тогаш би требало да се обидеш со некоја од направи-сам ориентираните дистрибуции.
„Slackware“, „Debian“ и „Gentoo“ би биле добар избор. Доколку си искусен Линукс корисник и навистина сакаш да си ги извалкаш рацете, пробај го „Linux From Scratch“, кој всушност и не е дистрибуција туку збир на упатства и пакети за креирање на сопствена дистрибуција.
Која дистрибуција е за сервери?
Повеќе систем администратори се одлучуваат за „Debian“ на нивните сервери. Сигурносната политика на Debian и стриктните правила за објавување на нови пакети го прават атрактивен избор за некомерцијални решенија. Одличниот apt-get систем за ажурирање на пакети е една од најдобрите особини на „Debian“. За комерцијални решенија луѓето се ориентираат кон Advanced Server линијата на „RedHat“.
Која дистрибуција е за стари компјутери?
Има неколку минималистички дистрибуции, како „VectorLinux“ и „Peanut“ кои се дизајнирани за компјутери со мал харддиск и слаб процесор. Можат да се инсталираат дури и на стари 386ки со 2 или 4 MB RAM, но доколку се надевате да инсталирате графички интерфејс секако ќе ви треба малку повеќе RAM и побрз процесор. Минималната конфигурација за да се користи „XFree86“ се 486ка со 8MB RAM. Како и да е, дистрибуциите како „Peanut“ и „VectorLinux“ иако се минимални, не се микро - сепак им се потребни повеќе од 100MB простор на дискот и нешто повеќе од 486. За уште помали дистрибуции кои може да се користат на тврд диск со помалку од 100MB (или само од дискета), проверете ги „BasicLinux“, „muLinux“, „Floppix“ и други.
Текстот постојано ќе се надополнува. Доколку имате нешто да додадете, слободно напишете во коментар.
- Најавете се за да испраќате коментари






Океј, се што викаш и за дебиан и за слеквер си у право, ама ова за Федора.. не е така. Еве неколку работи зошто Федора е подобра од Слеквер:
1. лесна инсталација со ГУИ (многу поедноставно за нови корисници. Да, има кликање.)
2. алатки за конфигурација со графички интерфејс (пр. сакам да сменам IP адреса на мрежната карта за да се поврзам на друга мрежа, „man ifconfig“ just won't do за фрст-тајм корисници)
3. up2date, yum, apt-get - сите три работат без никакви проблеми со стандардните репозиторија + up2date е со доста јузер-френлди ГУИ и е многу едноставно за работа, само со 2,3 клика си го надградуваш системот или инсталираш некој нов софтвер.
4. Гном - како избор за стандардна графичка околина, многу поедноставен и поприфатлив за нови корисници (го одбраа за стандардна ГО: РедХет, Сусе, Сан Мајкросистемс; Го користи: Поголемиот дел од Дебиан заедницата). За HIG-от не праам муабет. Дефинитивно најзакон HIG за развој на софтвер.
5. За некој што првпат чита, да не искочи дека Федора е само шарена играчка за рукиз, пишувам su -l и ги бркам истите работи што можам да ги праам на било која линукс дистрибуција за да администрирам сервер или вотевр. Ептен вршат работа и скриптите за иницијализација на Редхет, такво нешто нема во ниедена друга дистрибуција освен можеби во Мендрејк.
6. Што се однесува до безбедност, пакети за закрпување се достапни преку алатките за надградба веднаш по објавувањето на закрпата, Федора има огромна заедница од која дел се програмери и систем администратори кои што работат во Редхат и се грижат за овие работи.
И како што спомнав и погоре со употреба на yum, apt-get или up2date времето на rpm -i blabla.rpm = аааа депенденсис у пм! - заврши одамна.
Тоа дека Федора е блидинг еџ софтвер е точно. Секогаш се додаваат последните „стабилни“ софтверски пакети кои знаат и да заебаваат понекогаш :) но максимум една недела по објавувањето на стабилната верзија на федора има достапни наградби за опоравување на евентуалните претходни „стабилни“ пакети. Ова воопшто не е голема цена за плаќање кога ќе земете во предвид дека за една недела по објавувањето на новата верзија на федора имате дистрибуција со цел најнов слободен софтвер и се ви работи без никакви проблеми.
Федора е одличен оперативен систем кој што едноставно РАБОТИ како за почетници така и за понапредни корисници. Ако се работи за вкус.. џабе праиме муабет.