Промоција на Firefox 3.5

Mozilla Македонија е заедница од луѓе кој веруваат во моќта на технологијата со цел подобрување на животот. Се залагаме за подобрување на искуството додека се наоѓате на глобалната мрежа – Интернет. Проектитие кои ги промовираме се Open Source што значи кодот е слободен за користење од страна на секого, и до сега е употребен во голем број иновативни проекти.
Како за пример ќе ја земеме промоцијата на Firefox, интернет прелистувач кој можете да го преуредите според вашите потреби, со цел полесно да пребарувате, и да го направите онаков каков што вие сакате да биде.
Нашето општество претставува виртуелна Mozilla организација која што е независна од вработувања. Водството во организацијата потекнува од почитта: колку што повеќе ќе придонесете во организацијата, поголемо ќе биде Вашето влијание.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
FOSDEM 2009: Linux, Mozilla, MySQL и многу повеќе

На 7 и 8 Февруари, преку пет илјади развивачи на слободен софтвер ќе се соберат на Слободниот универзитетот Брисел (Université Libre de Bruxelle), во Солбош кампусот за деветтата годишна FOSDEM конференција. Оваа година воведните предавачи ги вклучуваат Марк Шурман (Mark Surman, извршен директор на Фондацијата Мозила), Бдејл Гарби (Bdale Garbee, проектниот секретар на Дебиан) и Лесли Хауторн (Leslie Hawthorn, Гугл Лето на кодот).
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Лугархија бр.2

- VPN
- GNU Privacy Guard
- DHTML
- Jabber речници
- Најавете се за да испраќате коментари
Излезе Ubuntu 8.10

- Најавете се за да испраќате коментари
Android, официјално слободен софтвер

По многуте навестувања, без воопшто да се двоумат, Google го издава кодот на Android, платформата за мобилни уреди, како слободен софтвер лиценциран под ASL (Apache software license).
Пред извесно време, T-Mobile го објави и нивниот мобилен телефон кој ја користи Android платформата, T-Mobile G1, со што стана првиот телефон кој го користи овој софтвер. Во иднина се очекуваат многу други производи кои ќе ја користат оваа платформа, и многу повеќе забава во развивањето на софтвер за мобилните уреди.
- Најавете се за да испраќате коментари
Лугархија бр.1

Лугархија претставува првиот месечен хакерски eZine кој од месец октомври 2008г. започнува со редовно издавање.
На „Лугархија“ може да се гледа како на магазин во кој ќе бидат разгледувани тематики околу слободниот софтвер, развој на софтвер, активизам и идеологија. Во обид да се рашири зборот за него, ќе биде печатен ограничен број примероци од секое издание кој најверојатно ќе биде разделен по средните школи во Битола, а по потреба и во други градови низ Македонија.
Првиот број на лугархија можете да го преземете тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
Излезе OpenOffice 3.0
Среде досега невидена побрарувачка за некој канцелариски пакет, развојниот тим на OpenOffice и заедницата на програмери ширум целиот свет ни ја испорачаа верзијата 3.0.
Моментално страницата е под опсада од многубројните корисници кои се обидуваат да ја симнат најновата верзија од нивниот омилен слободен канцелариски пакет.
Повелете и вие.
- Најавете се за да испраќате коментари
5 препорачани 3D стратегии за GNU/Linux

Уште една содржина во која се опишуваат 5 real-time стратегии за GNU/Linux.
- Најавете се за да испраќате коментари
100 најкорисни слободни апликации

На UbuntulinuxHelp се појави статија во која се наведуваат 100те најкорисни апликации за корисниците на GNU/Linux. На овој начин сакаат да им помогнат на корисниците кои бараат софтвер за конкретни потреби. Апликациите се поделени во категории, што дополнително ја олеснува работата.
- Најавете се за да испраќате коментари
OpenOffice.org 3.0 Beta 2
OpenOffice.org ја дочека својата нова бета верзија пред официјалното главно издание на OpenOffice.org 3.0.
Новитети во оваа бета се неколку. Управувачот за екстензии вклучува можност за уредување на речниците, како и редица други подобрувања на различни модули. Повеќе информации има овде, а симнување овде.
- Најавете се за да испраќате коментари





